Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дирекорот на БЈБ Александар Јанев ги посети полициските службеници кои учествуваат на специјализирана обука за онлајн криминал

Дирекорот на БЈБ Александар Јанев ги посети полициските службеници кои учествуваат на специјализирана обука за онлајн криминал

Денеска (05.02) Директорот на БЈБ Александар Јанев ги посети колегите од службите кои работат на компјутерски истраги и криминал извршен преку компјутерски системи во рамки на Бирото за јавна безбедност, кои во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи учествуваат на специјализиран тренинг организиран од Интерпол и меѓународната организација ICMEC (International Centre for Missing and Exploited Children).

Станува збор за исклучително чувствителна и одговорна област на работа, во која професионалноста, знаењето и посветеноста на полициските службеници се од суштинско значење за ефикасна заштита на децата од сексуална експлоатација и злоупотреба во онлајн просторот.

Обуката е фокусирана на примена на напредни алатки за анализа и идентификација на онлајн материјали поврзани со вакви кривични дела, како и на јакнење на психолошката поддршка за полициските службеници кои секојдневно се соочуваат со тежината на овој вид криминал.

Како институција, Бирото за јавна безбедност останува цврсто посветено на континуиран развој на човечките и техничките капацитети, но и на грижата за менталната стабилност, безбедноста и благосостојбата на полициските службеници. Поддршката за луѓето кои ја извршуваат оваа сложена и одговорна задача е предуслов за успешно справување со компјутерскиот криминал и за обезбедување трајна заштита на децата и општеството во целина.

Мени за пристапност