На 27.01.2026 во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(28) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.