Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода гостиварец за издржување затворска казна од една година

Лишен од слобода гостиварец за издржување затворска казна од една година

На 15.09.2026 во 22:05 часот во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Ш.(22) од Гостивар.

 Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Мени за пристапност