На 13.10.2025 во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода С.Т.(69) од Гостивар. Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан" со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,94 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.