Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода битолчанец веднаш откако со нож утрово ја уби својата сопруга

Лишен од слобода битолчанец веднаш откако со нож утрово ја уби својата сопруга

Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност