На 10.06.2026 во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил со движење.
Набргу, откако бил пристигнат од полициските мотоцикли, тој намерно удрил во еден од нив, при што двајцата паднале, по што тој го напуштил местото. При падот, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Градската болница „8 Септември“ за укажување помош. По преземени мерки тој е пронајден е приведен, при што кај него се пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Исто така, пронајдена е и торбичката со повеќе од 100 таблети која ја фрлил додека бегал со мотоциклот.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.