Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Б.(63) и Л.К.(45), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Првопријавениот, во својство на нотар за подрачјето на Основен суд Дебар, со искористување на службената положба и овластување во неговата канцеларија изготвил договор за купопродажба на моторно возило без присуство на оштетеното лице и со тоа на второпријавеното лице му овозможил да ги обработи и да ги користи личните податоци на оштетениот, односно неговото име и презиме и да направи договор за купопродажба на моторно возило склучен на 23.01.2025 помеѓу оштетениот како продавач и друго лице од Дебар и во рубриката „продавач“ се потпишал во негово име. Откако второпријавениот го потпишал договорот за продажба, првопријавениот во отсуство на оштетениот – сопственикот на конкретното возило го заверил со свој потпис и печат договорот за купопродажба на возилото.