Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Дебрца за „злоупотреба на службена положба и овластување“

 Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Дебрца за „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и за нивно реоданочување.

Со тоа, пријавениот ја оштетил општина Дебрца во износ од 431. 245 денари.

Мени за пристапност