Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (03.11.2026) во Скопје се обрати на отворањето на специјализираната обука „Транснационални финансиски истраги“, организирана со поддршка на ИЦИТАП при Министерството за правда на САД.
На обуката учествуваат претставници на надлежните институции и агенции за спроведување на законот, вклучително и Јавното обвинителство, со цел унапредување на знаењата, координацијата и меѓуинституционалната соработка во финансиските истраги.
Во своето обраќање, Јанев ја истакна важноста на финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал, нагласувајќи дека вистинскиот удар врз криминалните структури е одземањето на нивната финансиска моќ и прекинувањето на незаконските текови на пари.
Обуката, предводена од американски експерти, е насочена кон унапредување на капацитетите за откривање на перење пари, следење на прекуграничните финансиски текови, утврдување на потеклото на имотот и идентификување на вистинските сопственици, со крајна цел негово одземање.
Јанев ја нагласи и важноста на меѓународната соработка, размената на информации и заедничкото институционално дејствување, упатувајќи благодарност до Амбасадата на САД и ИЦИТАП за континуираната поддршка и партнерство.
Јанев: Финансиските истраги се клучни во борбата против организираниот криминал