Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола за брзо возење, за шест часа констатирани 434 прекршоци

Акциска контрола за брзо возење, за шест часа констатирани 434 прекршоци


На 01.11.2026 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатирани се вкупно 434 прекршоци, од кои 192 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина во населено место, додека 242 прекршоци се констатирани надвор од населено место.

Во рамки на контролата евидентиран е и еден случај на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, констатирани се и 103 други видови на прекршоци.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат одговорност и внимателност, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила и прописи. 
Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, затоа што секој живот е важен.

Мени за пристапност