Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на состанокот на Заедничкиот управувачки комитет за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Република Северна Македонија.
На состанокот беше разгледан напредокот во подготовката на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации, како и Годишниот извештај за резултатите од 2025 година и Заедничкиот работен план за 2026 година.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на активна соработка со Организацијата на Обединетите нации и нејзините агенции, особено во областите поврзани со јакнење на институционалните капацитети, владеењето на правото, безбедноста, управувањето со миграциите и усогласувањето со меѓународните стандарди.
На состанокот беше истакната важноста од продолжување на партнерството и координацијата меѓу институциите и системот на Обединетите нации во земјата, со цел поефикасно спроведување на заедничките приоритети и поддршка на одржливиот развој.
Учеството на Министерството за внатрешни работи во подготовката и спроведувањето на активностите предвидени во Рамката за соработка претставува дел од пошироките заложби за унапредување на институционалната ефикасност, меѓународната соработка и исполнувањето на стратешките приоритети на државата.