На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани.
На 07.04.2026 околу 00:30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(35).
На 06.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријави дека на 05.04.2026 во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.А.(24) од Скопје. Исто така, таа пријавила дека и претходниот период била физички и психички малтретирана од него, неговата мајка и неговата сестра, но до сега не пријавила во полиција.
На 06.04.2026 во 08:00 часот во СВР Куманово, 33 - годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Б..
На 06.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 77-годишна мајка.
На 06.04.2026 во 22.30 часот на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40-годишен маж од Битола затоа што упатувал закани кон неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка.
На 06.04.2026 во 13:25 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 46-годишна жена од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувала на нејзината 81-годишна свекрва. Таа била приведена во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.