Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а еден со активна забрана.
Четири лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно лице во Крива Паланка и Прилеп (малолетник). Додека, едно лице во Скопје управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.