На 28.04.2026 во 23:05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Е.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:00 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка.
На 29.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(28) и М.Д.(59), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ги нападнале нивната снаа и нивниот 32-годишен брат и син.
На 28.04.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека на 27.04.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг П.М.(62) од Скопје.
На 28.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 60-годишна жена пријави дека на 27.04.2026 околу 19:00 часот во домот во скопско нејзиниот сопруг Н.П. ѝ упатувал закани и фрлил кон неа тврд предмет.
На 28.04.2026 во 22:00 часот во ОВР Струга, 38-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот пред зградата во која живеела била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Е.М.. Според пријавеното, откако се развеле тој постојано ја следел и вознемирувал.
На 28.04.2026, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода З.Р.(40) од кичевско село ,постапувајќи по претходна пријава дека во дворното место од семејниот дом физички ја нападнал негоавата 39-годишна сопруга.
На 28.04.2026 во 16:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека по расправија во нивниот семеен дом физички ја нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.