Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фатен крадец при обид да влезе во куќа во Охрид, следува пријава

Фатен крадец при обид да влезе во куќа во Охрид, следува пријава

На 10.09.2025 во 20:30 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Н.(38) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе  во куќа на истата улица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид по член 236 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност