На 11.09.2025 во 03:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Н.(38) од Кавадарци. Тој е затекнат од полициски службеници при извршување кражба во продажен објект во Кавадарци. Исто така, тој се сомничи дека со употреба на подесен алат и сила влегол и во фризерско студио во Кавадарци, сопственост на П.Н.(31) од Кавадарци, при што одзел пари. При преглед кај него се пронајдени и одземени пари.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.