Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

 

Денеска (28.04.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата, чии имиња засекогаш остануваат врежани во поновата македонска историја.

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните.

Со чинот на оддавање почит беше испратена порака дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена и дека споменот за нив ќе продолжи да живее како потсетник за храброста и пожртвуваноста што ја носи полициската професија.

Посебна почит беше изразена и кон нивните семејства, кои ја поднесоа најтешката загуба. Нивната сила и достоинство заслужуваат трајна благодарност и почит од целото општество.

Мени за пристапност