Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар во МВР Петрушевски на состанок со претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Државниот секретар во МВР Петрушевски на состанок со претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Денеска (04.11.2025), државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски одржа состанок со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, чиј што и претседавач е.

 

Во период на засилени активности поврзани со имплементацијата на националните политики за спречување и борба против трговијата со луѓе, на состанокот меѓу другото беа разгледани и тековните процеси и иницијативи од значење за работата на комисијата.

 

Членовите беа информирани за резултатите од спроведената евалуација на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против трговија со луѓе и трговија со деца 2021–2025, при што беа истакнати постигнатите резултати и добрите практики во националниот систем. Дополнително, беше најавена изработката на нова Национална стратегија и Акциски план за периодот 2026–2030, како и подготовките за четвртата евалуациска посета на Групата на експерти за борба против трговија со луѓе (ГРЕТА) при Советот на Европа, што ќе се реализира од 1 до 5 декември 2025 година.

 

Како Национален координатор, државниот секретар во МВР Петрушевски ја потврди заедничка посветеност кон унапредување на меѓуинституционалната соработка, ефикасна координација и континуирана борба против трговијата со луѓе и трговијата со деца.

Мени за пристапност