Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар во МВР Петрушевски на Национална конвенција на Европската унија

Државниот секретар во МВР Петрушевски на Национална конвенција на Европската унија

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски денеска (29.01.2026)  учествуваше на Осумнаесеттата сесија на работната група Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). Воведни обраќања на настанот имаа министерот за правда Игор Филков, државниот секретар Сашо Петрушевски, претставникот од Агенцијата за бегалци на Организацијата на обединетите нации (УНХЦР) Никола Ептинг, претседателот на  Совет на јавни обвинители Башким Бесими и националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење Милева Ѓуровска.    

Темата на дијалогот на овој настан е Новиот пакт за миграција и азил - безбедносни и интегративни предизвици во Европа, со фокус на Западен Балкан и Република Северна Македонија. На настанот со свои дискусии учествуваа високи и истакнати претставници од надлежните служби на Министерството за внатрешни работи кои управуваат со државните граници и ги спроведуваат постапките за азил. Прашањата поврзани со актуелната миграциска политика и меѓународно-правната заштита на човековите права беа во фокусот на интересот и дебатите на кои учествуваа и претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и други релевантни чинители на актуелните политики на земјата.

„Новиот Пакт за миграции и азил е една од најкомплексните и најчувствителните политики на Европската унија и земјите од Западен Балкан, иако не се членки на Европската унија, се многу важен и неопходен дел од поширокиот систем на управување со миграциите. Оваа реформа на ЕУ не смее да се гледа само како европски документ. Ова треба да е процес во кој Република Северна Македонија и Западниот Балкан мора да имаат глас, позиции и стратегија. Само на тој начин може да се обезбеди дека реформите ќе бидат ефикасни, фер и одржливи за сите“, заклучи Петрушевски.            

Настанот заврши со експертска анализа, дискусија и презентација на нацрт препораките на стручната јавност кои треба да послужат за поефикасно следење и навремен одговор на миграциските движења, ефикасно водење на постапките за меѓународно правна заштита преку зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на регионалната соработка.

Мени за пристапност