Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев оствари работна посета на СВР Велес во пресрет на локалните избори 2025

Директорот на БЈБ Александар Јанев оствари работна посета на СВР Велес во пресрет на локалните избори 2025

Денес, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, оствари работна посета на СВР Велес и на регионалниот команден центар формиран за оперативното управување со активностите поврзани со локалните избори 2025.
Фокусот на средбата беше насочен кон актуелната безбедносна состојба во регионот и подготовките на полицијата во пресрет на првиот изборен круг, со јасен акцент на одржување на стабилноста, јавниот ред и безбедноста на граѓаните, како и на принципот на нулта толеранција кон насилство и незаконско однесување.

На средбата се разговараше за оперативните капацитети на полицијата, распределбата на ресурсите на критичните точки, оптималното користење на дигиталната опрема и протоколите за дејствување во случаи на нарушување на јавниот ред или изборниот процес.
Посебно внимание беше посветено на спречување на сите форми на насилство, од полесни до потешки, како и на заштитата на слободата на изразување на демократската волја на граѓаните.
Директорот Јанев недвосмислено нагласи дека секој обид за нарушување на редот, влијание врз изборниот процес или ограничување на правата на граѓаните ќе се соочи со активен, брз и професионален полициски одговор.

„Законот важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии, без разлика дали станува збор за граѓанин, функционер или полициски службеник. Полицијата мора да биде на браникот на Законот, да ја гарантира безбедноста и да ги штити правата на граѓаните и државата,“ истакна директорот Јанев.
Тој додаде дека превенцијата останува првата линија на полициско делување, но дека секој што ќе избере да постапува спротивно на Законот ќе се соочи со одговорност согласно законските прописи.

Со посетата на СВР Велес, директорот на Бирото за јавна безбедност ја потврди посветеноста на полицијата за мирен, безбеден и законит изборен процес, како и подготвеноста на сите полициски структури да обезбедат целосна заштита на јавниот ред и безбедноста на граѓаните.

Мени за пристапност