Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на ОВР Кочани и ОВР Берово

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на ОВР Кочани и ОВР Берово

 

Денеска (13.08.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше на терен со колегите и дел од раководството кои патролираат и секојдневно ги извршуваат своите должности во Кочани. Директорот притоа беше информиран за секојдневните активности на полицијата и за нејзината работа со заедницата.

 

„Постојано ја давам мојата лична поддршка и знаење на раководството и колегите од ОВР Кочани. Секојдневно се ангажираат полициски службеници од други градови и региони за да им помогнат на колегите во Кочани – заедно да ја испорачуваме безбедноста и да ја возобновиме довербата на заедницата во полицијата. Нашата цел е да изградиме вредности на заедништво, транспарентност и блискост, затоа што само со здружени сили може да се оди напред, да се гради системот и да се инвестира во колективната безбедност“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност. 

 

Директорот Јанев денеска беше и на терен со колегите во ОВР Берово. каде со раководството и со полициските службеници, беше анализирана актуелната состојба, предизвиците кои стојат пред полицијата и начините и методите со нивно справување.

 

„Пораката е јасна и недвосмислена – нема да дозволиме криминалот и поединците кои го нарушуваат мирот да го уништат заедништвото и довербата што ја градиме со упорна работа и чесна служба“, заклучи директорот на БЈБ Јанев.

Мени за пристапност