На (11/12.08.2025), два полициски хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици од типот Бел 412 и Агуста Бел 212 активно учествуваа во гаснење на шумските пожари што зафатија делови од:
-Општина Македонски Брод подрачјето на Јасен
-Општина Кичево, село Челопеци
При дејствувањето исфрлени се преку 100 тони вода со што значително беше намалено ширењето на огнената стихија и беше обезбедена поддршка за заштита на населението и природата.