Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на регионален стратешки состанок во Тирана

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на регионален стратешки состанок во Тирана

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство.

Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните транснационални групи и нелегалните финансиски текови – области кои претставуваат клучни фактори за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Учесниците усвоија значајни заклучоци и предложија нови регионални иницијативи, модели на меѓусебна соработка и оперативни механизми, со цел дополнително зајакнување на колективната подготвеност на земјите од регионот. Во фокус останува превенцијата на криминалот на национално, регионално и меѓународно ниво, навременото детектирање и сузбивање на криминалните мрежи, како и создавање поотпорен, побезбеден и постабилен регион.

Директорот Јанев истакна дека обезбедувањето сигурност за секој граѓанин, без разлика каде во регионот престојува или се движи, е врвен приоритет.

Македонската полиција и понатаму останува препознатлив, доверлив и рамноправен партнер во напорите за јакнење на регионалната и европската безбедност, активно придонесувајќи кон воспоставување стабилни механизми на соработка кои создаваат трајна заштита и безбедност.

Мени за пристапност