Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот Јанев во посета на Регионалниот центар за гранични работи Југ, доделени сертификати на полициски службеници

Директорот Јанев во посета на Регионалниот центар за гранични работи Југ, доделени сертификати на полициски службеници

Денеска (25.02) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамки на работната посета на Регионалниот центар за гранични работи – Југ, присуствуваше на доделувањето сертификати на полициски службеници кои успешно ја комплетираа втората внатрешна обука спроведена во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Обуката беше реализирана од сертифицирани обучувачи – полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на проектот на Европската Унија за владеење на правото, преку кој беше овозможено и стручно оспособување на обучувачите од страна на словенечката полиција.

Со стекнатите знаења и вештини, полициските службеници ќе можат поефикасно да користат софистицирани технички средства и воздухоплови без екипаж (дронови), што ќе придонесе за унапредување на безбедноста на јужната граница и поуспешно справување со сите облици на прекуграничен криминал.

Директорот Јанев им честиташе на учесниците за успешно завршената обука, нагласувајќи дека континуираната едукација и јакнењето на професионалните капацитети се клучни за ефикасно и современо работење на полицијата во насока на заштита на безбедноста на граѓаните и државната граница.

Мени за пристапност