Во периодот од 23.02 до 27.02.2026 година се реализира четиридневна обука за лидерство, во организација на Германската сојузна полиција (BPOL), во соработка со Регионалната канцеларија во Хановер, во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе на Западниот Балкан“ (EU4FAST). Обуката е насочена кон унапредување на лидерските и менаџерските вештини и нивно прилагодување на локалните потреби. На настанот учествуваат раководни службеници од Министерството за внатрешни работи и од Бирото за јавна безбедност, меѓу кои и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Во текот на обуката, акцентот е ставен на кооперативното управување, процесите на планирање и донесување одлуки, како и на понатамошниот развој на кооперативниот лидерски стил 2.0. Покрај стручните дискусии, учесниците имаат можност за размена на искуства и практична примена на стекнатите знаења во секојдневното работење. Обуката претставува значаен придонес кон зајакнување на професионалните капацитети и унапредување на културата на кооперативно и проактивно лидерство, со цел поефикасно функционирање и зајакнување на безбедноста на институциите.