Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска и утре (03-04 ноември) е во официјална посета на австриската полиција со седиште во Виена.
Директорот Јанев во текот на посетата оствари средба со неговиот домаќин Генералниот Директор за Јавна Безбедност Франц Руф, како и со директорот на федералната криминалистичка полиција генерал Андреас Хотцлер.
На средбите се дискутираше за повеќе теми односно за взаемните односи на двете полиции - меѓусебната билатерална соработка, размената на информации, националните и регионалните искуства и предизвици, илегалната миграција, прекуграничниот криминал, прашања поврзани со делокругот на граничната контрола и надзор вклучително, искуствата од заеднички гранични патроли со соседни земји вклучително и Фронтекс мисијата во Македонија, соработката во лоцирање и испорака на бегалци од правдата, меѓусебната размена на информации, соработката во делот на тероризмот, радикализмот и учеството на лица од трети земји во воени подрачја, искуствата на двете земји во имплементација на моделот полицијата и заедницата и други теми.
Покрај ова со разговараше и за случаи кои се од интерес на двете полиции како и можноста за заеднички идни операции во повеќе области на сузбивање на транснационален криминал.
Двајцата директори и останатите претставници од делегациите изразија огромно задоволство и благодарност за соработката помеѓу двете полиции австриската и македонската, потенцираа дека отворениот пристап за соработка во размената на податоци и информации ја зголемува ефикасноста и силно придонесува во идното доверливо партнерство.
Во текот на престојот во Австрија, македонската делегација ќе оствари средби и со раководителите на канцеларијата за заеднички операции против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, командниот оперативен центар - Виена; контролниот центар за сообраќај како и раководителот на аеродромот - Виена.