Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач кој со возило „мазда“ удрил пешак во Кичево, возилото е одземено, следува кривична пријава

Лишен од слобода возач кој со возило „мазда“ удрил пешак во Кичево, возилото е одземено, следува кривична пријава

 

На 25.04.2026 околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Х.(57) од Кичево затоа што управувајќи патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(60) од Кичево. С.К. е пренесен во Медицински центар Кичево, каде што од страна на доктор констатирани му се телесни повреди.

 По насока на јавен обвинител, возачот Т.Х. е лишен од слобода, а возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност