Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Демант: ПС Центар редовно ги плаќа сметките за парно, граѓаните во тој блок немаат греење поради дефект

Демант: ПС Центар редовно ги плаќа сметките за парно, граѓаните во тој блок немаат греење поради дефект

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините објавени во дел од интернет порталите дека наводно поради неподмирени сметки за парно греење од страна на Полициската станица Центар, бил исклучен цел блок станари. Станува збор за класична дезинформација. Полициската станица Центар односно МВР редовно ги сервисира своите обврски и не може да биде причина за исклучување на греењето на граѓаните.

Причина за немањето парно во тој блок е дефект, што е потврдено од снабдувачот со топлинска енергија. Апелираме до интернет порталите да не шират дезинформации.

Мени за пристапност