На 31.01.2026 година во 02:55 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Л.С.(52) од Охрид. Претходно на пресекот на кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С. управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од Охрид. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека Л.С. го управувал возилото под дејсво на алкохол, односно му биле измерени 2,48 промили алкохол во крвта.
На 31.01.2026 година во 00:35 часот на улица “Гоце Делчев” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.П.(23) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле „ауди“ со регистарски ознаки од Макдонска Каменица, кое го управувал Б.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
На 30.01.2026 во 23:50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода З.Ј.(45) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
На 31.01.2026 во 00:35 часот на улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода П.Ј.(54) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал П.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,90 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило