Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сообраќајна незгода во скопско Визбегово, со возило удрен малолетен пешак, констатирани тешки телесни повреди

Сообраќајна незгода во скопско Визбегово, со возило удрен малолетен пешак, констатирани тешки телесни повреди

Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул."Словенија" со ул."Ј.Магистрала" настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило "опел" со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје. Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска хирургија. Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода и за расчистување на случајот.

Мени за пристапност