Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Безбедноста денес не завршува на државната граница. Таа се гради преку доверба, партнерство и заедничка борба против криминалот

Безбедноста денес не завршува на државната граница. Таа се гради преку доверба, партнерство и заедничка борба против криминалот

Безбедноста денес не завршува на државната граница. Таа се гради преку доверба, партнерство и заедничка борба против криминалот.

Во изминатите две години ја зајакнавме меѓународната позиција на македонската полиција, градејќи силни партнерства со Европол, Интерпол, SELEC и бројни безбедносни институции ширум светот.

Имаме 31% повеќе меѓународни предмети и разменети информации, реализиравме бројни заеднички операции против организираниот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, а значително го зголемивме и бројот на успешни екстрадиции.

Во изминатиот период реализиравме и голем број билатерални средби и активности на највисоко ниво со нашите меѓународни партнери, со кои отворивме нови можности за оперативна соработка, размена на информации, заеднички обуки и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

Посебно признание за професионалноста на македонската полиција е што во 2026 година нашата држава е домаќин на Заедничкиот координативен центар во рамки на EMPACT операцијата „Global Chain“ – една од најзначајните европски операции за борба против организираниот криминал.

Истовремено, потпишавме нови договори и меморандуми за безбедносна соработка, ги зајакнавме капацитетите за брза размена на информации, ја унапредивме прекуграничната соработка и активно учествувавме во најважните европски и регионални безбедносни иницијативи.

Кога македонската полиција е силен и доверлив партнер на меѓународната безбедносна заедница, најголема добивка имаат нашите граѓани.

Продолжуваме да градиме модерно, професионално и европско Министерство за внатрешни работи, затоа што силната меѓународна соработка значи поефикасна борба против криминалот и побезбедна Македонија за сите.

Мени за пристапност