Денеска (10.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје- ПС Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 2141 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на импровизирана тезга. Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое ги продавало, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника.
Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.