Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода седум возачи во Тетово, Ресен, Кавадарци и Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената 

Лишени од слобода седум возачи во Тетово, Ресен, Кавадарци и Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената 

 

На 08.12.2025 во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода С.А.(35) од Гостивар. При контрола во сообраќајот  со радар констатирано е дека управувал патничко возило „ауди“ со гостиварски  регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. 


На 08.12.2025  во 22:43 часот на ул.„Јосиф Јосифовски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Н.Б. од с.Јанковец, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеницо сопреле патничко возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б., при што констатирале било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта. 


На 08.12.2025 во 17:25 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.М.(42) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. 
На 08.12.2025 во 14:20 часот во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Н.(44) од Куманово.

 При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. 
На 08.12.2025 во 07:55 часот на улица „11 Октомври“  во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Г.(19) од село Романовце, кумановско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 91 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. 


На 08.12.2025 во 01:46 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.С.(23) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84  промили алкохол во крвта. 
На 09.12.2025 во 03:20 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81  промили алкохол во крвта. 


По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност