На 12.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување.
При контролата констатирани се вкупно 194 прекршоци за непрописно престигнување, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Во текот на контролата констатирани се и 367 прекршоци од друг вид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не преземаат ризични маневри и да престигнуваат само кога тоа е дозволено и безбедно, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.