Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола на повеќе локации во Тетово, приведено едно лице поради сомнение за посредување во вршење проституција, следува соодветна пријава

Акциска контрола на повеќе локации во Тетово, приведено едно лице поради сомнение за посредување во вршење проституција, следува соодветна пријава

На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од с.Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот.

Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност