Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 48 мерки, две лица се лишени од слобода и одземени се три возила

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 48 мерки, две лица се лишени од слобода и одземени се три возила


Денеска (25.03.2026) во периодот од 07:00 до 13:00часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Teтово со акцент на општа контрола на возила и возачи во јавниот сообраќај.

При контролата изречени се пет мерки за вршење на јавен превоз на патници без лекарско уверение, една мерка за технички неисправно возило, три мерки за измината важност на сообраќајната дозвола, три мерки за управување моторно со несоодветна категорија, три мерки за возачи почетници, шест мерки за не поседување на пропишана опрема во возилото,10 мерки за претовар на товар и необезбеден товар, четири мерки за користење на мобилен телефон за време на управување со моторно возило и четири мерки за останати прекршоци. Поднесени се и девет барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.
Две лица се лишени од слобода и времено се одземение две возила за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола, а едно возило е одземено поради измината важност на сообраќајната дозвола над шест месеци.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност