Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

 

На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност