На 06.09.2025 во 18:36 часот во СВР Штип, било пријавено дека настанал пожар во погон и магацин на фабрика во Виница. За гасење на пожарот биле ангажирани поголем број на противпожарни екипи од Виница и соседните градови, како и полициски службеници и тој е изгаснат околу 23 часот, но поради опасност повторно да се разгори, на лице место се дежурни екипи.
При гасењето на пожарот до сега е пријавено дека со повреди се здобиле 16 лица.