Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

 

На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.  Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност