На 14/15.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.И.(20), В.Н.(26), 17-годишен малолетник сите од Скопје и А.Р.(27) од Штип затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран“ патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.02.2026 во стан во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да ја нападне неговата вонбрачна партнерка, ѝ упатувал закани со остар предмет, при што таа во самоодбрана се повредила.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(45) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.02.2026 во Гостивар, пријавениот упатувал закани на неговата поранешна 38-годишна сопруга.
На 14.03.2026 година во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Е.У.(31) од село Ѓопчели, општина Дојран. Тој околу 21.50 часот во Богданци агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент и физички ги нападнал. Од преземените мерки е утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, односно има 1.39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2026 во 11:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во автомобилска работилница на Б.И.(35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Б.И. (35) од Тетово, Д.А. (27) од с. Мала Речица и С.Р.(30) од с. Долно Палчиште се лишени од слобода, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека ноќта помеѓу 12/13.03.2026 во Тетово било опожарено патничко моторно возило „фолксваген – туарег“.
На 14.03.2026 во 15.55 часот полициски службеници од СВР Тетово службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории кај И.Б.(43) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. И.Б. е лишен од слобода, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентен центар во Тетово примен е пациент со убодни рани од остар предмет.
На 14.03.2026 во 08.25 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.Ф. (53) од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2026 година во 20:15 час во СВР Штип, В.Х.(42) од Штип пријавил дека на 11.03.2026 година по претходно недоразбирање од страна на лицето С.П. од Штип со огнено оружје му биле упатени закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2026г во 23:00 часот во СВР Скопје И.Т.(37) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Центар во подземна гаража од зграда тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица од кои едниот бил вооружен со огнено оружје и тројца од нив физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје И.Б.(42) од Скопје пријави дека на 14.03.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром М.Б.(22) од Битола, Б.Ќ.(23) од Струмица и Б.С.(20) од Скопје биле физички нападнати од група од малолетници, кои исто така ги удирале и со јајца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2026 во 02:42 часот во СВР Скопје Р.С.(56) од Скопје дека на 14.03.2026 пред угостителски објект на подрачјето на Чаир неговиот 16-годишен син бил нападнат со остар и тврд предмет од друг малолетник кој го познавал и му нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2026 околу 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Црешево, скопско по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ц.(35), А.Ц.(40) и Б.Ц.(71) сите од Скопје, а употребени биле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје Б.В.(38) пријави дека на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неговиот сосед Е.Н.(50) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје Б.С.(46) пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно недоразбирање во сообраќајот била физички нападната од Е.Т.(38) двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.