На 13/14.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(49), Д.П.(23) и К.С.(28) сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.03.2026 во 00.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце на влез во државата полициски службеници го лишија од слобода М.Џ.(40) од Р.Косово затоа што при гранична контрола констатирано е дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој бил задржан и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 13.03.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(35) сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
На 13.03.2026 во 19.01 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Крушевска Република" во Битола се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „голф" со битолски регистарски ознаки управувано од С.М.(61) од Битола удрил во пешакот Н.И.(41) од Прилеп. По несреќата пешакот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 13.03.2026 во 21.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница составена од патот А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода" со прилепски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(33) од Битола и патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки управувано од Д.П.(22) од с. Кукуречани општина Битола. Во несреќата возачот Д.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Клиничка болница Битола, додека возачот Ј.П. се здобил со телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 14.03.2026 во 01:40 часот во СВР Скопје В.Р.(19) од Скопје пријави дека на 13.03.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Центар во автобус бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2026 во 22:00 часот во Скопје на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода К.Б.С.(31) од Скопје поради тоа што спречувала полициски службеници во вршењето на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2026 во 01:35 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.Г.(30) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2026 во 20:50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.М.(19), М.Ш.(21) и С.Ј.(21) сите од Радовиш, а во Полициската станица Радовиш е повикан и 17 годишен малолетник од Радовиш, во присуство на негов родител. Четирите лица биле затекнати во момент кога користеле марихуана, а при преглед на М.М., М.Ш. и малолетникот биле пронајдени и пакувања со марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.03.2026 околу 07.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу И.П.(43) и Ч.Д.(41) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2026 во 14:37 часот во СВР Скопје В.Ј.(53) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2026 во 10:20 часот во СВР Скопје И.С.О.(33) пријави дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од И.Д.(60) двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.Т.(59) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „непочитување на судска одлука“. На 07.03. и 08.03.2026 во виничко село, пријавениот постапил спротивно на донесена судска одлука од Основен суд Виница - забрана за приближување на растојание помалку од 100 метри и одржување на контакти, при што упатувал закани кон неговата поранешна 65-годишна партнерка од виничко село.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој се претставил како полициски службеник, со службена легитимација на МВР. Додека, по преземени мерки било констатирано дека е пензиониран службеник, а од прегледот на неговата чанта била пронајдени и одземени рамка за пиштол, муниција и метален боксирач.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.П.(19) с. Калниште, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 28.12.2025 во Пробиштип, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал 17-годишник од Пробиштип.
На 13.03.2026 година во 15.30 часот, на булеварот ,,Железничка“ во Охрид, лишени од слобода се А.Ј.(60) и М.Б.(44), двајцата од Охрид, При претрес во патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, претходно управуван од А.Ј. , извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.04.2026 во 23:00 часот во с. Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(18) од с. Јажинце. По претходна пријава од М.С.(22) од с. Јажинце, дека во селото пред угостителски објект, поради претходно меѓусебна расправија Б.Б. физички го нападнал, а потоа додека М.С. пеш се движел бил удрен од патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки управувано од пријавениот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава .
На 14.03.2026 во 03:40 часот во с.Долна Бањица, полициски службеници од ОВР Гостивар, со судска наредба, го приведоа Е.Н. (26) од с. Долна Бањица, гостиварско за издржување казна затвор во времетраење од 2 години 7 месеци и 16 дена во КПУ Затвор Штип поради бегство.
На 13.03.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(78) од Кавадарци, врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување на казна затвор во траење од осум месеци сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ казниво по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 13.03.2026 во 17:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.И.(25) од Велес, по издадена потерница врз основа на наредба од Основен Кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор. Тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
На 13.03.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода П.К.(48) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на Б.К.(50) од Кавадарци. При преземање мерки, кај него биле измерени 1.27 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во викенд куќа во атар на село Ваташа, кавадаречко, што ја користел П.К., во присуство на неговиот татко и бранител, каде било пронајдено и одземено оружје коe билo без соодветна документација. По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 12.03.2026 во 17:53 часот во СВР Скопје В.С.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив настанот го снимала со мобилен телефон. На 13.03.2026 во 14:30 часот С.В.(52) од Скопје пријави дека на 12.03.2026 В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка која претходно физички ја нападнала ќерката на В.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје Б.А.(42) од Скопје пријави дека на 12.03.2026 во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С.(59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.
На 14.03.2026 во 01:00 часот во ОВР Кочани Е.И.(31) од Кочани пријави дека на 13.03.2026 во соблекувална од спортска сала во основно училиште во Кочани нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2026 во 07:30 часот во ОВР Пробиштип пријавено е дека настанал пожар во куќа во село Стрмош, пробиштипско сопственост на И.Б.(62). Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Пробиштип. Повредени лица нема. Извршен е увид.