Денеска (31.10.2026) во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, три машки лица со закана со огнено оружје од вработениот одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 74-годишен маж од Скопје пријавил дека на 25.10.2026 околу 03:30 часот на подрачјето на општина Чаир, од неговото товарно возило, кое според пријавеното не било заклучено, му бил одземен пиштол „глок“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Т. од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22/23.10.2026 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, при што кај пријавениот пронашле и одзеле 15 пакувања бела прашкаста материја. Во објектот било затекнато и едно лице од Тетово кое користело прашкаста материја, која претходно му ја дал пријавениот.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Џ.М.(35) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 12.10.2026 на ул. „Глигор Пазавански“ во Кратово, пријавената го пуштила нејзиното куче без надзор и маска, кое подоцна ја каснало М.К..
Денеска (31.10.2026) во 03:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека на 30.10.2026 околу 13:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.З.(24) од Скопје, кој со употреба на тврд предмет и нанел повреди, а притоа упатувал закани кон неа и нејзиното семејство. Според пријавеното, таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2026 во СВР Скопје, Н.Х.И.(72) од Скопје пријавила дека на 26.10.2026 околу 11:00 часот во маркет на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од едно лице, кое ја турнало и ѝ нанело тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.10.2026 во 18:42 часот во СВР Скопје, Г.К.(67) од Скопје пријавила дека околу 16:40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров едно лице фрлало кон неа со камења, нанесувајќи и телесна повреда, откако претходно пријавителката го опоменала и се обидела да го сними лицето со мобилен телефон, поради тоа што фрлал камења и земја на улица која требало да се асфалтира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2026 во 23:45 часот во СВР Скопје, К.Б.(53) од Р. Бугарија, пријавил дека околу 22:23 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје едно лице со употреба на физичка сила го турнало на земја и му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2026 во 12:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, поради претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.П.(38) и М.М.(44) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.10.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ го лишија од слобода Ф.Ц.(26) од Скопје, постапувајќи по претходни пријави дека одзел велосипеди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2026 во 11:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Ш.(82) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга, при што употребил дрвен предмет и ѝ се заканувал. Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.10.2026 во 19.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е У.И.(47) од Охрид по претходна пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон членови на семејството и се обидел да ја нападне сопругата. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.10.2026 во 01.35 часот во ОВР Кичево лишен од слобода е А.З.(26) од Кичево кој претходно, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се еден малокалибарски пиштол калибар 22 милиметри и 31 куршум кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.10.2026 во 22:40 часот во СВР Штип, 42-годишна жена од Прилеп пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Б.Р. од Прилеп телефонски и упатил закани нејзе и на нејзиниот сегашен партнер од Штип. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.