На 27.11.2026 во 14.10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода М.М.(52) од селото, лице со нарушено ментално здравје. Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреди. Откако ѝ била укажана помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување. Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница - Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Д.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.09.2026, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал неговиот брат.
На 27/28.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ф.(22), П.Ј.(27), С.А.(21), сите од Скопје и Н.Б.(26) од Битола затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.А.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.11.2026 на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „сеат леон“, управувано од пријавениот, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана. После тоа, пријавениот го стартувал возилото, удрил во полициски службеник, а подоцна и во паркирано патничко возило. Подоцна е извршен претрес во неговиот дом и бил пронајден и одземен хашиш.
На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Г.П.(33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.11.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатил закани.
На 27.11.2026 во 12:32 часот во СВР Куманово било пријавено дека во златарница на улица „11 Октомври“ во Куманово, сопственост на А.И.(55) од Липково, неколку лица со употреба на сила и подесен предмет ја отвориле вратата, влегле внатре и одзеле разновиден златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
На 27.11.2026 во 17:00 часот на патот Градско-Прилеп, во близина на Ленишки мост, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А.(39) и Ј.Т.(42), двајцата од Битола. При преглед на патничко возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.А., а сопатник бил Ј.Т., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против Д.Н.(47) од с.Чифлик, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од Кривичниот законик. На 17.11.2026 на објава на портал на социјална мрежа, пријавениот објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
На 27.11.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.Н.(37) и Б.Н.(36), двајцата од село Романовце, кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден заедно со уште едно машко лице влегле во помошен објект во склоп на касарна во Куманово и одзеле повеќе метални предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 27.11.2026 во 20:40 часот во с.Дихово, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.С.(37) и Л.Б.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај И.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.11.2026 во 21:04 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во период од 26.11.2026 до 27.11.2026 со употреба на сила било влезено во куќа во Крива Паланка, сопственост на Н.А и притоа биле одземени повеќе предмети. По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го пронашле сторителот Р.Б.(31) од Крива Паланка, кој во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.11.2026 во 15:40 часот во СВР Охрид, 19-годишна жена од охридско пријави дека во домот на нејзиниот невенчан сопруг Н.Д. во Охрид била физички нападната од него, неговата мајка Л.Д. и неговиот татко З.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
На 27.11.2026 во 14:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода Џ.А.(24) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од плац за градежни материјали, сопственост на правно лице од Кавадарци, одзел кабел. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.11.2026, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(30) од село во општина Кривогаштани, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 19-годишната сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода пет лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Е.А.(26) од Скопје, Р.Б.(27) од с.Сингелиќ, скопско и М.Н.(46) од Кичево. За време на активна забрана, возел С.В.(38) од Виница. Додека, пак, Р.А.(58), исто така, од Виница управувал патничко возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 27.11.2026 во 13:30 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода З.Х.(58) од Босна и Херцеговина. Таа се сомничи дека дека околу 12:45 часот на Камениот мост се обидела да одземе лични предмети од чантата на Ф.А.(64) од Скопје, но била забележана и спречена од неговата сопруга. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.11.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.11.2026 во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, малолетник бил физички нападнат од двајца малолетници, а еден малолетник настанот го снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 27.11.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани по животот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 26.11.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, А.П.(44) од скопско пријавил дека во соблекувална во спортска сала во Илинден, по претходно меѓусебно нетрпение, неговата 12-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.11.2026г во 13:30 часот во СВР Скопје, Ф.И.(32) од с.Горно Лисиче, скопско, пријавил дека околу 12:00 часот на работното место во приаватна фирма – продажен објект во населба Илинден се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и за настанот е известен трудов инспектор.
На 27.11.2026 во 13:10 часот на бул.„Македонски Војски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.(24) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.11.2026 во 22:20 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(18) од Скопје и двајца 17-годишници од Скопје и скопско. Според пријавеното, тие претходно во Градскиот парк со закана со дрвен предмет од четири малолетници од Скопје одзеле пари, по што физички нападнале двајца од нив. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.11.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје, Д.К.(44) од Скопје пријави дека околу 20:45 часот пред влез на станбена зграда на подрачјето на Аеродром во Скопје, две лица го нападнале со тврд и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.11.2026 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно нарушени меѓусебни односи, настанала физичка пресметка помеѓу А.А.(18) од Скопје и 14-годишен малолетник од скопско. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 28.11.2026 во 04:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.11.2026 во 02:10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Б.(37) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.11.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу П.Д.(18) од Скопје и Ш.Ф.(37) од с.Сарај, скопско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.11.2026 во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, во периодот од 19:00 часот на 26.11.2026 до во 09:00 часот на 27.11.2026, со физичка сила и погоден алат биле одземени топлотна пумпа, шест фенкојлери и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.11.2026 во 02:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле Ј.Ф.(47) од Полска затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. Подоцна, при извршен преглед над него бил пронајден и одземен нож. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Петровец за понатамошна постапка.