На 26/27.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Н.(39), Д.Х.(19), С.С.(30), сите од Скопје, Д.Д.(21) од Струмица и Ф.С.(25) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На ул.„Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 26.11.2026 во 20:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(40) од Тетово. Според пријавеното, околу 18:20 часот во угостителски објект во Тетово, тој со закана со остар предмет ѝ го одзел паричникот на Ш.М.(55) од Тетово. Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување и бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.Т.Г.С.(28) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници извршиле претрес во соба во Струга, каде престојувала пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 26.11.2026 околу 03:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионален пат во с.Лески, виничко, патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.А. од с.Виничка Кршла, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Јавна здравствена установа Виница. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница, при што било констатирано дека М.А. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,01 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.М.(55) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“. Пријавената узурпирала земјиште-катастарска парцела во дебарското село Џепиште, во државна сопственост и неовластено изградила објект.
На 26.11.2026 во 16:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(69) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 67-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ј.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во Охрид која била во државна сопственост, пријавениот неовластено поставил метална ограда.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот Ф.К., на работно место полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност Кисела Вода при СВР Скопје, на 28.10.2026 на ул.„Ленинова“ во Скопје бил затекнат како управува патничко моторно возило „сеат ексео“ без положен возачки испит. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот Ф.К. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
На 27.11.2026 во 00:40 часот на патот Битола-Ресен, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.Ф.(41) од Охрид затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 22-годишната Б.И. и С.С.(20) двајцата од Скопје, М.К.(36) од с.Кучевиште, скопско и 16-годишник од с.Горно Количани, Општина Студеничани, Д.С. (18) од с.Крклино, битолско, Н.К.(44) од Радовиш и 41-годишната В.С. од Прилеп. Додека, пак, Д.П.(38) од с.Негрево, пехчевско, управувал патничко возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” и ,,неизвршување на судска одлука”. На 17.11.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, со што не го почитувал Решението од Основен суд Берово, односно ја прекршил забраната да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз неговата сопруга, како и забраната да ја малтретира и вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира.
На 27.11.2026 во 04:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, пстапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.11.2026 во семејната куќа, пријавениот ја навредувал неговата ќерка и ѝ упатил закани, по што собата ја полила со запалива течност се заканил дека ќе ја запали неа и куќата.
На 26.11.2026 во 18:45 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.К.(24) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 17.11.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
На 26.11.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје, А.Ш.(47) од Скопје пријави дека на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје, И.И.(49) од с.Лојане, општина Липково, пријавил дека на 23.11.2026 околу 15:55 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. На 14.09.2026, пријавениот со испраќање на пораки со недолична содржина вознемирил женско лице од Тетово.
На 26.11.2026 околу 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во нива во с.Сопиште, скопско, биле пронајдени биле повеќе испукани чаури од огнено оружје и гранати и други предмети. Увид бил извршен, а чаурите биле подигнати и дадени за понатамошна постапка.
На 26.11.2026 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, М.К.(75) се лизнал и паднал пред паркиран трактор, кој притоа се придвижил и го прегазил. М.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани биле тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.