На 25.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Р.(19) и Е.Е.(18), двајцата од Скопје, како и З.Х.(34) од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 25.11.2026 околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов“ со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од с.Танушевци, скопско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 12.06.2026, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило, во кое како сопатник се превезувал пријавениот и по извршен преглед над него била пронајдена и одземена ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 и ловечки патрони.
На 25.11.2026 околу 20:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат Студеничани-Зелениково, во атар на с.Орешани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(22) од с.Зелениково и товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(45) од с.Батинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел астра“, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски во Скопје, додека со телесни повреди возачот на товарното возило и неговите сопатници Р.Г.(67), И.Г.(63), двајцата од с.Средно Коњари, скопско и С.Т.(63) од с.Батинци, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Џ.(23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 03.08.2026, по претходна расправија, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.
На 25.11.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(43) од Куманово. Тој не го почитувал Решението од Основен суд Куманово и ја навредувал поранешната сопруга со што ја прекршил забраната. И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(23) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На локален пат од Вевчани кон струшкото село Октиси, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 25.11.2026 во 16:55 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 27.07.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ и куршуми калибар 6,35 мм.
На 25.11.2026 во 10:15 часот на ул.„Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.Н.(46) од Кичево затоа што оштетил надворешно стакло на продажен објект, во кој се обидел да влезе. По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(43) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, кој издржува казна во затворот во Тетово, во повеќе наврати телефонски ја контактирал неговата поранешна партнерка и ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство.
На 26.11.2026 во 01:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.И.(44) од Тетово, затоа што при извршен преглед над него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум лица возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.Р.(19) од Скопје, Е.С.(33) од с.Мојанци, скопско, А.Б.(21) од с.Матка, скопско, Н.В.(30) од с.Вражале, скопско, С.Г. (58) од Македонска Каменица, кој бил и под дејство на алкохол. Со активна мерка за управување моторно возило управувал Д.К.(25) од Скопје. Додека, пак, под дејство на алкохол возел И.Т.(64) од с.Возарци, кавадаречко и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 26.07.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, чаури и ремен за куршуми.
На 25.11.2026 во СВР Скопје, А.С.(43) и Л.Р.(44), двајцата од Скопје, пријавија дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(51) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
На 25.11.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена пријави дека на 22.11.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Б.М.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.З.(35) од с.Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 06.10.2026 во Казнено-поправната установа Затвор Штип, пријавениот упатил закани кон вработен во установата и неговото семејство.
На 25.11.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 18-годишник пријави дека на 21.11.2026 неговиот татко В.С. телефонски му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, А.З.(32) пријави дека на 23.11.2026 околу 13:30 часот во с.Арачиново, скопско, неговиот малолетен внук со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж пријави дека во период од околу една година неговата малолетна ќерка била вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер Т.С.(20), кој во повеќе наврати доаѓал кај нејзе во училиште и пред нејзиниот дом. Според пријавеното, пред околу една година имал и полов однос со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од Скопје пријави дека на 13.09.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.„Н“, кој го познавал и кој му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2026 околу 12:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот и отишла во домот на друг малолетник со кого била во врска и според пријавеното имале полови односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2026 околу 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во магацин на продажен објект. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.
На 25.11.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека малолетник, кој претходно се оддалечил од установата, според пријавеното, во стан имал полови односи со возрасни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.