СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. (38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.06.2025 во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и притоа од возилото фрлил кокаин, по што го сопрел возилото.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против граѓанинот П.М. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лажно пријавување на кривично дело“, предвидено и казниво по член 366 од Кривичниот законик. П.М. на 23.09.2025 во СВР Велес на записник за примање на пријава, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од ПС за БПС Велес за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ при вршење на работи од сообраќајната безбедност. Пријавените полициски службеници своето постапување го снимиле со мобилниот систем за снимање со камери, со што е утврдено дека П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако при поднесување на пријавата бил предупреден за последиците за лажно пријавување. П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако бил свесен и како директен учесник во настанот знаел дека полициските службеници не го сториле кривичното дело, со што погрешно и злонамерно предизвикал интервенција на органите на прогонот кон полициските службеници. Со наведеното пријавениот ги загрозил личните слободи и права, како и честа и угледот на полициските службеници кои ги пријавил.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20.11.2025, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П.(38) и Г.П.(49), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.11.2025 на страна на информативен портал на социјална мрежа, пријавените објавиле пост со кој повикувале на омраза и нетрпеливост.
На 20/21.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(41), С.Ж.(47) и Д.Ј.(37), сите од Скопје и Б.Т.(22) од Турција, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.01.2026 во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(37) и А.И.(31), двајцата од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик. На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените лишени од слобода.
На 20.01.2026 во 08:59 часот во СВР Штип, Ѓ.Ј.(54) од с.Бели, кочанско, пријави дека кај крстосницата за с.Нивичани, кочанско, покрај нива пронашол неексплодирана граната. Увид е извршен, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во неговиот автомобил извршена на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.
На 20.01.2026 во 18:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на сервисна улица покрај автопатот „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
На 20.01.2026 во 14:58 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(41) од с.Јанковец. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,43 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 20.01.2026 во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 20.01.2026 во 09:28 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.Д.(29) од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор.
На 20.01.2026 во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.01.2026 во 09:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Н.Т.(25) од село Дабниште, кавадаречко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комуналец“ на улица „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
На 20.01.2026 во 13:36 часот во СВР Скопје, 16-годишник од с.Грчец, општина Сарај, пријави дека околу 13:00 часот во семејниот дом дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја земале со нив и заминале. Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.01.2026 во 03:35 часот во СВР Скопје, А.И.(67) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, Д.А. со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.01.2026 околу 20:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:20 часот во семејниот дом, физички ги нападнал неговите родители и со остар предмет им упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.