На 17/18.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Х.(18), Р.К.(27), Б.Л.(37), Б.Л.(38), К.И.(44), М.Н.(20), 17-годишник сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.О.(37) од с.Чифлик, општина Чешиново Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.08.2025 во с.Чифлик, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 17.11.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(39) од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот викенд на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово со употреба на сила влегол во деловни објекти и одземал предмети и пари. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(42) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.08.2025 во казино во Тетово, полициски службеници извршиле претрес, при што во машкиот тоалет бил пронајден и одземен кокаин, додека по извршените анализи било констатирано дека пријавениот користел кокаин.
На 17.11.2026 околу 20:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„5 Ноември“ во Струмица, 35-годишниот Џ.Ш. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди од удар од патничко возило. Имено, тој ги паркирал двете патнички возила „пежо“ и „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки на улицата едно позади друго. Притоа, Џ.Ш. не ги преземал сите потребни мерки за безбедно паркирање и возилото „мерцедес“ само се придвижило и удрило во него и во возилото „пежо“, кое било прво паркирано. Веднаш по несреќата, Џ.Ш. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.07.2026 во Тетово, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал Е.Х.(21).
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево, полициски службеници од Полициска канцеларија Пехчево го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево. Според пријавеното, тој на 17.11.2026 околу 22:00 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Е.(63) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 28.08.2026 во с.Горна Лешница, пријавениот со дрвен предмет нападнал 11-годишно дете од с.Пршовце, тетовско.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од кичевско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициските службеници од криминалистичката полиција извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
На 17.11.2026 во 18:50 часот во СВР Штип, 49-годишна жена од Штип пријавила дека нејзиниот партнер Д.Ш.(42) од Штип и се заканувал. Известен е јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 20.08.2026 во с.Боговиње, пријавениот физички нападнал 10-годишно дете.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од с.Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување на исправа“. Во текот на април 2026, пријавениот довел во заблуда и измамил лице од тетовско село при купопродажба на патничко возило „ландровер“ за сума од 830.250 денари, односно како доказ за извршена уплата доставил фалсификуван платен налог.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале патнички возила со активна мерка забрана за управување моторно возило управувале, и тоа: С.С.(35) од Кичево, Ш.Ф.(58) од с.Чичево, oпштина Градско и М.П.(42) од с.Стајковци, скопско. Две лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа: Б.С.(40) од Прилеп и Т.Л.(74) од Радовиш. Додека, пак, без положен возачки испит возел Е.Р.(30) од с.Морани, Општина Студеничани. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(19) с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и против Р.М.(59) од с.Гајре поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 10.10.2025 во Тетово, првопријавениот со патничко возило не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, преминал на спротивната коловозна лента и набргу го оставил возилото и продолжил пеш. Притоа, му испаднал пиштол „Чешка Зброевка Взор 70“, калибар 7,65 мм со муниција. Откако отишол во автоперална на второпријавениот, тој му дал друго патничко возило „пежо“ да замине.
Ноќеска (18.11.2026) во 03:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.К.(47) од Гевгелија. Според пријавеното, околу 01:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Второ пријавениот, надзорен орган во првопријавеното правно лице, составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс во Охрид, и покрај тоа што бил изграден спротивно на издадено одобрение.
На 17.11.2026 во 11:30 часот во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово го лишија од слобода Џ.Б.(38) од с.Желино, кој бил баран по локален и централен распис за сторено кривично дело по член 396 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.В.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.11.2026 во семејната куќа во Кочани, пријавената физички го нападнала нејзиниот татко.
На 17.11.2026 во 15:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Х.(32) од Струмица. Според пријавеното, тој околу 02:00 часот во домот на неговата поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон неа. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.11.2026 во 12:30 часот во нас.Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало двајца сопатници, но возачот не го запрел возилот и продолжил со движење. Притоа, еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот, по што возачот сопрел и лицата се дале во бегство. По кратко биле пронајдени сопатниците во возилото, 15-годишен малолетник и Т.М.(18), двајцата од Велес. Т.М. бил лишен од слобода, а со малолетникот во присуство на родител бил извршен службен разговор. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник.
На 17.11.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Н.(32) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон неговата сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.11.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп е пронајдена експлозивна направа. Извршен е увид, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Прилеп, експлозивната направа е безбедно подигната за понатамошна постапка.
На 17.11.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија, 34-годишна жена од Гевгелија пријавила дека нејзиниот брат А.Ч. и се јавил телефонски и агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.11.2026 во 05:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 10:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(29), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 64-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Е.(25) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 08.06.2026 пријавениот се договорил до едно лице од с.Облешево дека за сума од 1200 евра ќе му донесе миксета од Германија, која ја платил, но до пријавувањето не му ја донел, ниту му ги вратил парите.
На 18.11.2026 во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од Т.А.(23) од скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана. Потоа, според пријавеното Т.А. го стартувал возилото и удрил полициски службеник по што се дал во бегство по стариот пат од нас.Хиподром кон нас.Илинден. Притоа, кај место викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што бил лишен од слобода од полициски службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.11.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријави дека од мај до сега, нејзиниот поранешен сопруг Б.К.(44) вршел психичко малтретирање и вознемирување на нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.Б.(43) од с.Јанковец, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.10.2026, пријавената упатила закани на едно дете и неговата фамилија, а потоа со остар предмет удирала на вратата од дворот од куќата на неговите родители.
На 17.11.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа, сопственост на З.Ж.(61) од Скопје, при што изгорела разновидна стока. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото.
На 17.11.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 51-годишен маж пријави дека на 16.11.2026 во домот во скопско бил физички нападнат од неговата мајка Л.К.(68). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, Н.П.(39) од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник.
На 17.11.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.В.(61) и М.Б.(57), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.