Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 17.11.2026

 

На 16.11.2026 во 16:55 часот во с.Девич, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Е.Ј.Р.(61) од с.Девич. При претреси во неговиот дом во Македонски Брод и во с.Девич, извршени со наредба од Основен суд Кичево, во домот во с.Девич се пронајдени и одземени 15 парчиња маневарска муниција. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишната Т.С. од с.Глуво, скопско, Н.Т.(37) од с.Тисовица, Општина Зелениково и Е.Р.(37) од с.Черкези, кумановско. Додека, пак, службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско  и од с.Уланци, општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекна со право на управување. Под дејство на алкохол возеле З.Д.(40) од Битола и И.Г.(41) од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода. Лицето А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско управувал патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.11.2026 на пешачка патека во Скопје, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил кеса со марихуана, која ја пронашле и одзеле. Подоцна, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

На 16.11.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Ј.И. од Крушево, удрило во 78-годишниот Б.С. од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесно повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.О.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.11.2026 во угостителски објект во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Титан“ калибар 7,65 мм со рамка и муниција.   

 

На 16.11.2026 во 21:25 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.А.(51) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава од неговата 20-годишна ќерка дека во семејниот дом, по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ упатил закани. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.А.(51) од с.Долно Јаболчиште, Општина Чашка и Е.П.(54) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. На 29.09.2026 во атар на с.Русиново, беровско, на место викано „Мамутлија”, првопријавениот по налог на второ пријавениот извршил бесправна сеча на дрва, без соодветна документација, со што причиниле материјална штета од 151.560 денари.

 

На 16.11.2026 околу 17:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.А. од Тетово, удрило во 56-годишната Н.Д. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на  СВР Тетово.

 

На 16.11.2026 во 16:50 часот во месноста „Копрница“, атар на с.Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.Т.(38) и 16 годишно момче, двајцата од селото Мешеишта. При извршени контроли, полициските службеници ги затекнаа двете лица како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва и ги товарат во патнички возила ,,опел фронтера“ и „сангјонг“, двете без регистарски таблички. Бесправно исеченото огревно дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.11.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода З.З.(56) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатил закани кон неговата сопруга, со која е во бракоразводна постпака. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.11.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Катланово, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.К.(33) од с.Ново Село, скопско и Б.Б.(57) од с.Трубарево, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ч.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.11.2026 на ул.„Февруарски поход“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 207“, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени кокаин, нож и пари. При преземањето мерки, пријавениот се однесувал агресивно кон полициските службеници.

 

На 16.11.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Д.(42) од Скопје пријави дека на 14.11.2026 околу 21:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 16.11.2026 во 19:20 часот во Скопје, во спортски центар на подрачјето на општина Аеродром, каде се одржувал кошаркарски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.Ц.(22) од Скопје затоа што сторил прекршок по член 3 став 7 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(42) од една страна и Г.И., Ј.И.(67) и Н.И.(64), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.11.2026 во Скопје полициски службеници извршиле преглед на возило, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 mm со рамка и муниција.

 

На 17.11.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје, А.Р.(25) од Скопје пријави дека околу 03:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, три лица (две машки и едно женско лице) физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.11.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, В.М.(34) од Скопје пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар пронашла пиштол „Берета“, рамка и куршуми, сопственост на нејзиниот починат дедо. Оружјето и муницијата се подигнати за понатамошна постапка.

 

На 16.11.2026 во 18:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Т.(43) од Турција, со престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 50-годишна сопруга од Скопје и нивниот малолетен син и упатувал закани со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Мени за пристапност