На 15.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.С.(30), А.К.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Д.П.(22) од с.Табановце, кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Б.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кои ги користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“, две рамки и куршуми.
На 15.11.2026 во 10:00 часот во Полициското одделение Новаци, С.Д. (72) од Битола пријавил дека во близина на Река Црна во с.Новаци забележал две гранати. Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека се работи за една артилериска граната калибар 75мм и една артилериска граната калибар 105мм од Првата светска војна.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.О.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 05.09.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против малолетник од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.12.2025 на место викано „Горни водопад“, на реката Каменичка, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил кеса, која е пронајдена и одземена и во неа биле најдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага. Исто така, при извршен претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.11.2026 во 15:35 часот во ОВР Прилеп, М.Ј.(38) од Прилеп пријавил дека во близина на неговата викенд куќа во Прилеп на патот за Плетвар слушнал истрел од огнено оружје, по што забележал дека на хаубата на неговото возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки има закачен проектил од огнено оружје. Полициски службеници извриле увид и било констатирано дека се работи за проектил од ловечко оружје, кој бил подиугнат за понатамошна постапка.
На 15.11.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека при претрес во притворска просторија каде што бил сместен Б.Б.(27) била пронајдена и одземена марихуана. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(57) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи”. На 08.12.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ калибар 9мм и куршуми.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(46) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.06.2025 на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, во кое имало уште две лица од Кавадарци, при што бил пронајден и одземен хероин.
На 15.11.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово во атар на с.Слепче го лишија од слобода Б. С.(50) од с.Црнилиште, Општина Долнени, бидејќи бил затекнат како бесправно врши сеча на дрва. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 15.11.2026 во 11:00 часот полициски службеници од ОВР Крушево, во близина на Манастир „Свети Ѓорѓија“ атар на с.Бучин, крушевско, го лишија од слобода И.С. од с.Пресил, крушевско, затоа што бил затекнат како лови дивеч без да поседува дозвола за лов и дневна дозвола за ловење. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 15.11.2026 во 17:10 часот во Скопје на подрачјето на Бутел, полициски службеници го приведоа Д.М.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради недоразбирање во автобус физички ја нападнал В.К.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово достави известување против двајца малолетници од с.Групчин, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.11.2025 на регионалниот пат Тетово - Скопје, кај клучка за с.Групчин, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое било управувано од едниот малолетник, кај кого било утврдено присуство на метаболити од тетрахидроканабинол. Додека, пак, при извршен преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.11.2026 околу 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, Л.А. од Скопје физички ги нападнал соседот Р.С. и неговата малолетна внука, при што употребил и тврд предмет, а им упатил и закани со остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.11.2026 во 21:15 часот во СВР Скопје, К.Н.(30) од Скопје пријави дека на неговото патничко возило, кое било паркирано во подземна гаража од зграда на подрачјето на општина Аеродром, пронашол ливче со заканувачка порака. Според пријавеното, тој и претходниот месец на социјална мрежа, исто така, добил порака со заканувачка содржина во однос на кошаркарскиот клуб во кој сега настапува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.11.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ две рамки и куршуми.
На 16.11.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, Л.Љ.(29) пријави дека во периодот од 13 до 15.11.2026 во с.Визбегово, скопско, со употреба на сила било влезено во куќа и одземени биле злато, пари и клучеви од две патнички овизла, а потоа со одземениот клуч било одземено патничко возило „дачиа“, сопственост на МЕПСО. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, запоставувајќи ја својата родителска должност за грижа и воспитување, ги присилувала на работа нејзините две малолетни деца, што не одговара на нивната возраст и физичка сила и воедно ги наведувала на питачење.