На 14.11.2026 во 22:00 часот на ул.„8 Септември" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Т.(20) од с.Горно Оризари, битолско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.11.2026 во 12:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на кружен тек на магистрален пат Штип-Делчево, Ј.К.(77) од Кочани, управувајќи мопед „томос“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.К., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Е.Џ.(24) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“. На 08.11.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.
На 15.11.2026 во 00:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.П.(48) од прилепско село. Како што пријавила неговата поранешна 42-годишна сопруга, тој се обидел без нејзина воља да ја земе со возило нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (15.11.2026) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„30“ во населба Илинден, скопско, настанaл пожар во куќа, сопственост на З.Б.(66) од нас.Илинден. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(75) од с.Милетино, општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. врз Т. К. двајцата од с. Милетино. На 02.10.2026, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал Т.К.(66) од истото село и му нанел повреди.
На 14.11.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред Трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје биле опожарени два контејнери. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14/15.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.З.(33) и Ф.М.(28), двајцата од Скопје, како и С.С.(26) од гостиварско и А.Ѓ.(24) од кривопаланечко затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (15.11.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници биле донесени 35-годишната Н.К. и 24-годишната А.А., двете од Скопје. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите за време на семејна прослава во куќа, сопственост на М.К., мајка на Н.К.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.11.2026 околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок, пријавениот агресивно се однесувал кон Б.В.(44) од Делчево, а потоа отишол пред нејзиниот стан, тропал на вратата и ѝ се заканувал, а во неколку наврати на нејзиниот мобилен телефон ѝ праќал смс пораки со заканувачка содржина.
На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Жданец“ во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на М.Р.(56) од Скопје, која целосно изгорела. Екипа од па од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, по што внатре било пронајдено тело на починато машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.11.2026 во 14:28 часот во СВР Скопје, Р.В.(76) од Скопје пријавил дека во авто сервис на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил нападнат со метален предмет од вработениот Ј.Д.(55). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.11.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Е.С.(18) од Скопје пријавил дека во 10:00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Б.О. од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.11.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, 35-годишната М.Е.Н. од Скопје пријавила дека околу 22:10 часот на место викано „Чикаго“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од нејзините сосетки - 35-годишната Е.Р. и 18-годишната Ш.Р.. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.